Денвер – Сакраменто (2:00 ч.)
Дуел на кој речиси е познат победникот, бидејќи домаќинот е огромен фаворит. Сезонава веќе играа два пати, а Кралевите еднаш успеаа да изненадат и да се радуваат на триумф и тоа во меч по продолжение. Сепак, сега Денвер сигуено нема да си дозволи луксуз да загуби, па Нагетс ќе стигнат до 15-тиот триумф во 19-тиот меч сезонава пред своите навивачи.
Никола Јокиќ е во одлична форма и на пет од последните шест меча даде преку 20 поени, па и на овој меч се очекува Србинот да ја надмине оваа граница за поени.
Предлог тип: Никола Јокиќ над 20,5 поени (1,87)
Мемфис – Шарлот (2:00 ч.)
Дуел на два тима кои тешко може да се надеваат на влез во плејофот сезонава. Мемфис има 12 победи и 21 порази, а гостите се со биланс од 13 победи и 21 порази. Сезонава играа два пати и двете екипи победуваа по еднаш и тоа на гости.
Шарлот победил на шест од последните седум меѓусебни средби, а за Мемфис ќе биде уште потешко ако се знае дека ќе бидат без Игудала.
Предлог тип: 2 (2.35)
Њу Орлеанс – Хјустон (2:00 ч.)
Хјустон доби четири од последните пет меча со овој ривал, а на три средби имаше над 235 поени. И сега Ракетите се фаворити и се очекува победа на гостите, но не треба да се заборави дека Њу Орлеанс токму сега влезе во форма. Пеликаните имаа неверојатна низа од 13 порази по ред, а сега се со четири победи во последните пет дуели.
Сепак, тешко дека домаќините ќе може да му парираат на фаворитот.
Предлог тип: 2&>230,5 (2,90)
ЛА Лејкерс – Далас (3:00 ч.)
Сезонава ова ќе биде трет меч на овие две екипи, а интересно е што во на првата средба Лекјерс победи на гости дури по продолжение, за потоа Далас се радуваше во ЛА, што доволно покажува дека домашниот терен и не е некоја голема преднсот.
Двете најголеми ѕвезди во екипите, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ неодамна се вратија по повредите и ги предводеа тимовите до победи. Лејкерс го победи Портланд и ја прекина низата од четири порази, а и Далас игра променливо па е со четири порази во последните 10 меча. Лејкерс е благ фаворит, но ако Дончиќ се разигра што и најчесто се случува Далас е многу опасен ривал.
Предлог тип: 2 хен. (1.95)