Манчестер јунајтед и Челзи испратиле понуди за Клоп, па експресно добиле „корпа“

Јирген Клоп по заминувањето од Ливерпул најави дека нема да работи како тренер и по една и пол година сè уште е така. Неговиот менаџер Марк Косицке вели дека интерес сè уште постои, но Германецот има една желба – да остане тренер што никогаш не добил отказ.

„Челзи и Манчестер јунајтед испратија понуди за Клоп откако го напушти Ливерпул, но тој веќе имаше кажано дека нема да води друг клуб во Англија. Тој интерес продолжува. Тој е многу среќен со тоа што го постигна и сѐ уште е неверојатно да се биде во историјата како еден од ретките тренери кои биле на чело на три клуба и никогаш не биле отпуштени“, вели Косицке.

Неодамна се шпекулираше дека интерес за Клоп има од Реал Мадрид, но Германецот веднаш изјави дека нема да биде тренер на Кралевите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести