Унгарија беше на прагот на голема победа против светскиот првак Данска, но не успеа да организира напад за триумф во последните 8 секунди во дербито на денот што заврши нерешено, 24:24.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1216809936144879616?s=20
Данска имаше негатива од два гола по првиот дел, а Унгарците потоа водеа и со три гола разлика, но финишот одлучи мечот да заврши нерешено.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1216821444128018432?s=20
Во ваква ситуација на Унгарија ѝ одговара и реми против Исланд во последниот меч во групата, а противниците се веќе во следната фаза.
Понатаму со максимален учинок одат Хрватска и Шпанија со максимални три победи, по денешните успеси против Србија и Холандија.
Хрватите го добија локалното дерби со Србија со 24:21, а Шпанците, кои ја бранат круната, ја декласираа Холандија со 36:25.