Арсенал нема стопери против тимот што не го победил три години

Херта – Баер Леверкузен (Германија, 15.30 часот)

Ова е ревијален меч за Херта, но веројатно и најважниот за Баер во Бундеслигата сезонава. Гостите со победа речиси сигурно ќе си обезбедат настап во Лигата на шампионите, бидејќи имаат голем бод предност пред Борусија Менхенгладбах и меч против Мајнц на домашен терен во последното коло.

Херта има доста повредени играчи за дуелот со Баер, а тимот од Берлин се уште го памети ланскиот дебакл од 1:5 против фарнацевтите на домашен терен. Ќе се обидат да се реваншираат, но и квалитетот и мотивите се на страната на Баер.

Предлог тип: 2&3+ (2.20)

 

Хофенхајм – Унион Берлин (Германија, 15.30 часот)

И овде тимот од Берлин ќе може да игра релаксирано, без императив, бидејќи си обезбедија опстанок и втора сезона во Бундеслигата во клупската историја.

Хофенхајм бие битка за директен настап во Европа Лигата, а за тоа им требаат две победи до крај и кикс на Волфсбург. Денеска треба самите да си ја завршат работата против пријатното изненадување во Бундеслигата.

Унион Берлин имаше одлични периоди во дебитантската сезона, но на гости беше скромен. Очекуваме ефикасен меч со најмалку три гола и да се тресат мрежите и на Бауман и на Гилкевиц.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.88)

 

Падерборн – Борусија Менхенгладбах (Германија, 15.30 часот)

Падерборн е испаднат, а гостите бијат жестока битка со Баер Леверкузен за последното место што води во Лигата на шампионите.

Победата за Борусија е императив, а имаат добра подлога во квалитетот и во традицијата против Падерборн. На пет официјални натпревари никогаш немаат загубено од домаќинот и очекуваат така да биде и денеска.

Проблем за гостите е што ќе мораат да играат без двајцата најдобри стрелци, Плеа и Турам, кои имаат постигнато по 10 гола, но и заедно имаат 18 асистенции. Сепак за нив поинаков избор на „Бентелер“ арена нема освен победа.

Предлог тип: 2&3+ (1.55)

 

Брајтон – Арсенал (Англија, 16 часот)

Арсенал ги повторува истите грешки од минатото и повторно иа многу проблеми со повреди на играчите и со слабата дефанзива.

Против Брајтон, Топчиите ќе мора да ја крпат одбраната, бидејќи останаа без двајцата стопери, Мари и Луиз. Повреден е и Сократис, па менаџерот Артета ќе мора да бара ново чаре, или нова формација.

Брајтон е во лоша серија од 9 меча без победа, иако шест од нив се нерешени. Во декември лани го изненадија Арсенал со победа на „Емирејтс“ во Лондон и што е уште посензационално немаат пораз од денешниот ривал на последните четири меча. На сите имаше барем по еден гол во мрежата на двете екипи, што е наш тип и за денеска.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

Атлетико Мадрид – Валјадолид (Шпанија, 22 часот)

Јорганџиите конечно го покажаа вистинското лице и презентираа врвен квалитет во убедливата победа против Осасуна со 5:0 во минатото коло.

Најскапото засилување во историјата на клубот, Жаоа Феликс беше импресивен, а Атлетико ја растури Осасуна на незгодно гостување во Памплона.

И Валјадолид има добар рестарт, со реми и победа, а за нив и бод на „Ванда Метрополитано“ ќе биде голем подвиг. Сепак типуваме дека Атлетико повторно ќе одигра полетно и квалитетно и дека ќе води на полувреме и ќе победи на крај.

Предлог тип: 1-1 (2.05)

 

Во стандарданата дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да ги одиграте следните три натпревари:

Баерн Минхен – Фрајбург (Германија, 15.30 часот)

Предлог тип: Т1 1+I&Т1 3+ (2.10)

Брајтон – Арсенал (Англија, 16 часот)

Предлог тип: Х2&ГГ (2.50)

Атлетико Мадрид – Валјадолид (Шпанија, 22 часот)

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20)

 

 

- Оглас -

Најнови вести