Брајтон не знае како да се варди од Џејми Варди

Лестер – Брајтон (Англија, 19 часот)

Лестер ќе го пречека омилениот гостин во Премиер лигата и тим од кого нема загубено меч во најсилното англиско натпреварување.

Лисиците и популарните Галеби имаат одиграно пет меча досега во Премиер лигата и Лестер има четири победи, а еден меч заврши нерешено.

Домаќините бијат битка за да го задржат третото место кое води во Лигата на шампионите, а голем адут за успех ќе им биде и првиот голгетер во Лигата, Џејми Варди.

Интересно е што првиот стрелец во Англија му даваше барем по еден гол на Брајтон на последните четири меча, па можете да се обидете и со играта стрелец на гол во кое било време на мечот да биде напаѓачот на Лестер.

Предлог тип: 1 (1.72)

 

Бенфика – Санта Клара (Португалија, 20.15 часот)

Португалското првенство е еднакво драматично како и шпанското, а и тука двете најтрофејни екипи Бенфика и Порто израмнети влегуваат во последната фаза од битката за титулата.

Бенфика има полош меѓусебен скор од Порто и мора да победува и да чека нов кикс на големиот ривал. Санта Клара игра многу солидна сезона и грижите околу опстанокот се речиси разрешени, па избраниците на Жоао Енрикес можат да играат релаксирано во последните 7 кола.

Санта Клара нема пораз по рестартот на популарната Примеира, но проблем за нив е што имаат комплекс од Бенфика. На сите досегашни 9 меѓусебни дуели во највисок ранг само еднаш ремизираа со Орлите од Лисабон и загубија дури осумпати. И вечерва Бенфика е голем фаворит, мора да победи и очекуваме дека тоа ќе го стори во отворен и ефикасен меч.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.50)

 

Тотенхем – Вест хем (Англија, 21.15 часот)

Тотенхем одигра многу солиден прв меч по долгата пауза против Манчестер јунајтед, но ремито не му донесе напредок на табелата.

Жозе Мурињо мора да нареди тотална офанзива против Вест хем ако сака да се задржат шансите за настап во еврокуповите. Паузата им беше добредојдена на лондончани за комплетна рехабилитација на најдобриот играч и стрелец Хари Кејн.

Репрезентативецот на Англија го одигра целиот меч со Црвените ѓаволи и сега е подготвен и за голови. Вест хем беше слаб на дуелот со Вулверхемптон и кризата за Чеканите продолжува. Имаат солиден тим, но не играат добро, што ќе го искористи Тотенхем за да ги освои бодовите во градското дерби.

Предлог тип: 1 (1.80) Супер тип на Sport Life

 

Барселона – Атлетик Билбао (Шпанија, 22 часот)

Барселона ја прекина серијата од три победи и по ремито без голови со Севилја, го загуби врвот на табелата во Ла Лига. Сега веќе не зависат само од своите резултати во мртвата трка за титулата со Реал. Имаат полош меѓусебен скор од Кралевите, што може и да пресуди ако првенството заврши како што е моментната ситуација и двете екипи имаат еднаков број бодови на крајот.

Барса има и незгоден распоред, а вечерва на „Камп ноу“ им доаѓа и многу незгоден ривал за нив. Атлетик нема пораз од Каталонците на последните три меѓусебни дуели, а особено ѝ се радуваа на победата во Купот во февруари, кога со автотолот на Бускетс во 93-тата минута ја елиминираа Барселона.

И во првиот дел од сезоната исходот беше ист, Атлетик ја победи Барселона со 1:0 на „Сан Мамеш“. И тогаш гигантот падна во самиот финиш, кога клупската легенда на Атлетик, Адурис, со волеј во 89-тата минута ги испрати гостите со празни раце.

Атлетик има серија од пет меча без пораз, знае да одигра тактички добро и цврсто, па очекуваме тврд меч со малку голови.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.75)

 

Порто – Боавишта (Португалија, 22.15 часот)

Големото градско дерби на Порто, познато како „Дерби да Инвикта“ ќе се игра по 137-ми пат, овојпат во чуден амбиент и без присуство на публика.

Порто е многу поуспешен во сите сегменти, а има 94 победи во меѓусебните деули со Боавишта, само 22 порази и 20 пати двете екипи одиграа нерешено.

Вечерва повторно ќе се разгорат страстите во Порто бидејќи на вакви мечеви нема калкулирање. Боавишта ќе сака да го победи Порто во момент кога на ривалот триумф му е императив бидејќи уште еден кикс ќе значи дека Бенфика ќе има предност во трката за титулата.

Речиси по правило, дербито на Порто е исклучително жестоко, со цврста игра од двете страни, а лидерот на табелата во последно време реди само победи против Боавишта.

Порто има 10 победи по ред против градскиот ривал и на девет од нив не прими гол. И вечерва се големи фаворити, иако Боавишта нема да се предаде.

Предлог тип: 1&0-3 (1.86)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести