Арјен Робен ја прекина фудбалската пензија и се врати во Гронинген, клубот во кој пристигна како 12-годишно момче и го најави раскошниот талент.
Лани на 4. јули летечкиот Холанѓанец објави дека ја завршува кариерата, но сепак изгледа не може без фудбал, па по една година одлучи повторно да игра за клубот во кој ја почна кариерата.
“Кога имав 12 години пристигнав во младинската Академија на Грониген. Дебитирав на 16 години против Феенорд, па потоа заминав во ПСВ Ајднховен. Сега по 18 години се вратив дома“, вели Арјен во специјалното видео што го објави на Твитер.
https://twitter.com/FCGroningen_EN/status/1276893046940942336?s=20
Робен играше за гигантите Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен, клуб што му беше последен пред пензионирањето. Сега одлучи пак да игра фудбал на 36-годишна возраст.
Има богата колекција од трофеи од кои највреден е пехарот во Лигата на шампионите што го освои во 2012/13 со Баерн Минхен.