Судиите кои делеа правда на средбата Шкендија – Пелистер беа исвиркани и навредувани, па мораше со полициска придружба и лица од домашниот клуб да го напуштат теренот на Градскиот стадион „Еколог арена“ во Тетово.
Иако Шкендија го доби мечот, фановите беа гневни на судиската тројка предводена од Бенџамин Керими, кому помошници му беа Даниел Василевски и Бранко Путилин, па имаше мешаница, но не дојде до поголем инцидент.
„По завршување на натпреватот на терен влезе неофицојално лице кој со пцовки, навреди и закани се конфротираше со судискиот тим. исто така во 56 минута од натпреварот имаше краток прекин поради фрлање на предмети од трибините во теренпт за игра при што четвртиот судија беше удрен во раката. Следува дополнителна изјава за наведените настани“, стои во записникот составен по мечот во Тетово.

