Милан го нокаутира Јувентус со покер за 20 минути во лудото второ полувреме на „Сан Сиро“ (Видео)

Милан и Јувентус одиграа атрактивно второ полувреме со шест гола, а чудо се случи на „Сан Сиро“ и го режираа домаќините за неполни 20 минути.

Миланезите го нокаутираа шампионот со покер-голови што го почнаа во 62-рата и го завршија во 80-тата минута, откако претходно Јувентус најави победа со головите на Рабио и на Роналдо.

Особено атрактивен беше голот на францускиот интернационалец во 47-мата минута, кога претрча голем дел од теренот и соло-акцијата ја круниса со прекрасен погодок.

https://twitter.com/itsEmmelex/status/1280606424633139207?s=20

Кога во 53-тата минута погоди и Кристијано Роналдо, се чинеше дека приказната на дербито заврши, а бодовите ќе ги однесе гостинот од Торино.

https://twitter.com/losblancocarlo/status/1280608116917374977?s=20

До тој момент Милан речиси и немаше ниту една шанса за гол, но домаќините на чудесен начин се разбудија и набрзина го нокаутираа лидерот во Серија А. Пресвртот го најави Златан Ибрахимовиќ со гол од пенал во 62-рата минута, а клучни за неверојатниот пресврт беа следните пет минути.

https://twitter.com/semo33x/status/1280612857865003009?s=20

Кеси израмни во 66-тата минута по асистенцијата на Ибрахимовиќ, а Шченсни по вторпат ја вадеше топката од мрежата.

Веќе во следниот напад Милан го комплетира пресвртот, а стрелец беше Португалецот Леао, кој влезе како резерва во второто полувреме.

Победата на Милан ја запечати Анте Ребиќ по големата грешка на Алекс Сандро. Бонавентура искористи и му сервираше зицер на хрватскиот репрезентативец за 4:2 и победа на Росонерите во необичен меч, со сите шест гола постигнати во второто полувреме.

https://twitter.com/semo33x/status/1280617381232926721?s=20

Јувентус и со пораз остана на првото место со 75 бода, 7 повеќе од Лацио и 11, односно 12 пред Интер и Аталанта, кои имаат одиграно по еден меч помалку.

Милан е на петтото место на 7 кола до крајот на сезоната со 49 бодови.

- Оглас -

Најнови вести