Краковија и Лехија ќе излезат на бис за пехарот во Полскиот куп

Краковија – Лехија Гдањск (финале на куп, Полска, 20 часот)

Краковија има биланс од 5-0 на последните пет меѓусебни дуели со Лехија, што е психолошка предност за тимот од Краков во најважниот меч во сезоната за двете екипи.

Мечот за пехарот во националниот куп ќе се игра во Лублин, а Лехија ќе се обиде да го одбрани трофејот што го освои лани со победа против Јагелонија. Во драматично финале, Артур Собиех со гол во 96-тата минута му донесе победа и голема радост на тимот од Гдањск.

Лехија двапати победуваше во Купот, Краковија нема ниту еден пехар во ова натпреварување, иако е најстариот полски клуб што сè уште функционира.

Влогот е голем, триумфот во финалето носи вреден пехар и учество во Лигата на Европа и некако најблиску е ремито.

Предлог тип:  Х (3.15)

 

Санта Клара – Гимараиш (Примеира, Португалија, 20 часот)

Гостите не можат да напредуваат на табелата и да победат во последниот меч во сезоната, па Гимараиш секако ќе биде седми.

Мотивите и кај Санта Клара не се преголеми бидејќи местото во средината на табелата им е загарантирано.

Ова ќе биде ревијален меч, без никаков императив на двете страни. Според традицијата, последните меѓусебни дуели на Санта Клара и Гимараиш завршувале со 0-2 гола, а последен пат 3+ имало во 2003 година.

Сепак, денеска им е последен меч во шампионатот и двете екипи се релаксирани и можат да играат без притисок и каков било товар, па очекуваме најмалку три гола во Оеирас.

Предлог тип: 3+ (1.81)

 

Вил – Арау (Челенџ лига, Швајцарија, 20.30 часот)

Арау ја има најслабата одбрана во Втората швајцарска лига и прими дури 73 гола на 33 меча, што е просек од 2,2 погодоци на натпревар.

Карактеристика на двете екипи е што играат за гол повеќе, особено во продолжението од првенството. Вил има посолидна одбрана и малку послаб напад од Арау. Постигнаа 52, а примија 50 голови, што им донесе нешто подобар пласман на табелата од денешните ривали.

Арау ќе има мотив да оди на победа за да се обиде да го стигне Вил на табелата. Двете екипи оддамна обезбедија опстанок, а немаат шанси за прволигашка промоција, што е нова шанса да одиграат ефикасно.

Предлог тип: 1+I&2+II (1.90)

 

Милан – Аталанта (Серија А, Италија, 21.45 часот)

Аталанта го декласира Милан во првиот дел од сезоната и го победи со 5:0 во Бергамо и веднаш по тој меч навивачите бараа отказ за тренерот Стефано Пиоли. Од декември, кога се одигра натпреварот, досега, сметајќи ја и паузата од три месеци без фудбал, работите се сменија од корен кај Росонерите.

Пиоли го прероди Милан и сега тимот што го предводи со 27 гола е најефикасен по камбекот на Серија А.

Аталанта не ни застана да дава голови и е убедливо најефикасната екипа во Италија со 95 погодоци на 35 меча. Теоретски сè уште можат да го освојат Скудетото, а за да продолжат да се надеваат, ќе мора пак да го победат Милан. Гостите ќе играат без Хатебур и без Иличиќ, а Милан има поголеми кадровски проблеми.

Кај домаќините сигурно нема да настапат Бенасер, Ернандес, Кастилјехо, Мусакио и Дуарте, а неизвесно е и дали капитенот Ромањоли ќе може да игра.

Милан има големи проблеми во одбраната и типуваме дека ќе прими барем еден гол во првото полувреме.

Предлог тип: Т2 1+ прво полувреме (1.68)

 

Жил Висенте – Фереира (Примеира, Португалија, 22.15 часот)

И тука приказната е слична како и за дуелот меѓу Санта Клара и Гимараиш, па и двете екипи без императив можат да одиграат последен меч во сезоната за свој мерак.

Последните пет меѓусебни дуели на Жил Висенте и Пасош де Фереира беа тврди со малку голови, но очекуваме вечерва да биде сосема спротивно на Градскиот стадион во Барселос.

Жил Висенте може да биде осми на конечната табела, а максимален дострел за гостите е 11-тата позиција, но и со победа пласманот им зависи од резултатите на други екипи.

Очекуваме отворен меч и најмалку три гола со одличен коефициент во Sport Life.

Предлог тип: 3+ (2.18)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да одиграте:

Анталијаспор – Галатасарај Т22+&ГГ (2.50)

ПСЖ – Сент Етјен 1-1&3-5 (2.50)

Милан – Аталанта 1-3I&1-3II (1.90) 

 

- Оглас -

Најнови вести