Ојпен – Бриж (Жупилер лига, Белгија, 16 часот)
Шампионот има лош старт на новата сезона, со два порази од по 0:1. Го загубија финалето во националниот куп од Антверпен, а потоа ги изненади и Шарлроа со идентична победа во првото коло од новото првенство.
Ојпен одигра нерешено 1:1 на гостински терен против Лувен и за нив и бод против Бриж би бил голем како куќа.
Лани ремизираа беа голови како гости кај Бриж, но тоа се чини е само исклучок во традиционално ефикасните фудбалски пресметки на Ојпен и на Бриж.
Гостите не смеат да си дозволат нов кикс. Ојпен ќе се обиде со контранапади да го изненади фаворитот, па мириса на меч со доста голови, а победата на Бриж не би смеела да дојде во прашање.
Предлог тип: 2&ГГ (3.25)
Андерлехт – Сент Трајден (Жупилер лига, Белгија, 18.30 часот)
Андерлехт за две минути во финишот на мечот со Мехелн прокоцка чиста победа, а потоа можеше и да загуби. Избраниците на Френки Веркаутерен имаа предност од 2:0, но како да има некакво проклетство против Андерлехт во последните неколку години и повторно им се случи голем кикс, па мечот заврши 2:2.
Екипата полека добива контури за подобра иднина, откако гигантот во последните две сезони беше во голема криза. Сепак Андерлехт е фудбалска икона на Белгија, не може да биде долго во сенка на останатите клубови и најавена е и битка за титулата, што би била рекордна 35-та.
За тоа им требаат победи, а им доаѓа екипа што ја победуваа на последните две меча како домаќини. Сент Трајден има многу солиден тим, го потврдија квалитетот со триумф против Гент во првото коло, но типуваме дека нема да успеат да го изненадат Андерлехт.
Предлог тип: 1&ГГ (3.00)
Розенборг – Алесунд (Елитесериен, Норвешка, 20.30 часот)
Розенборг се врати во ритам по лошиот старт на сезоната, но шансите за титулата им се минимални, бидејќи заостануваат 14 бода зад лидерот Бодо Глимт.
Сепак позициите што водат во еврокуповите се достижни, а победите против послабите екипи од калибарот на Алесунд неопходни за да се оствари целта.
Алесунд е последен на табелата со само 7 бода, но доаѓа на „Леркендал“ во Трондхајм со добра серија од 4 меча без пораз од Розенборг.
Формата, традицијата, рејтингот и квалитетот се на страната на Розенборг и типуваме дека ќе победи и ќе има предност и на полувремето.
Предлог тип: 1-1 (1.92)
Севилја – Манчестер јунајтед (Лига Европа полуфинале, 21 часот)
Две трофејни екипи ќе бијат тешка битка за ново европско финале, а овојпат поради пандемијата со корона-вирус немаат поправен испит, бидејќи се игра еден меч на неутрален терен во Германија.
Севилја е рекордер со пет титули во Европа Лигата, а интересно е што и двете екипи го освојувале пехарот кога играле во финалето.
Шпанскиот клуб е поуспешен со 5 од 5, а Манчестер јунајтед има само еден пехар во ЛЕ, но и едно европско финале повеќе од Севилја, сметајќи ги петте што ги играа во Лигата на шампионите.
Голем потстрек за Севилја е кам-бекот во екипата на Немања Гудељ, кој го прележа корона-вирусот, им се приклучи на соиграчите и можно е и да игра од стартот на мечот.
Сите фудбалери им се на располагање на Лопетеги и на Солскјер, па ќе ги гледаме најсилните состави во Келн, вечерва од 21 часот.
Севилја има одлична серија од пет меча без примен гол и неверојатна низа од 19 меча без пораз. И Манчестер е во топ-форма со само еден пораз на последните 24 натпревари. Со квалитет и двете екипи се на приближно ниво, па ќе типуваме дека ќе има продолженија, а можеби и пенали.
Предлог тип: Х (3.00)
Сарагоса – Елче (Плејоф, Шпанија, 22 часот)
Сарагоса има одличен резултат од првиот меч, а иако заврши без голови беше и подобар тим. Елче го фати последниот воз во плејофот и тоа благодарение на неверојатниот кикс на Фуенлабрада, но се чини дека нема тим за Ла Лига и дека е послаб според квалитетот од Сарагоса.
За гостите нема да игра напаѓачот Џонатас, кој беше исклучен на првиот меч, што ќе им биде дополнителен хендикеп.
И домаќините имаат неочекувани проблеми во плејофот. Ватфорд им го повлече најдобриот стрелец Луис Суарес од позајмица, што ги шокираше сите во Сарагоса.
Напаѓачот со славно име и презиме со 19 голови беше втор стрелец во регуларниот дел од Сегунда, ќе и недостасува на амбициозната Сарагоса, но ќе мораат и без него да атакуваат на пласман во Ла Лига.
Сарагоса нема пораз од Елче на последните четири дуели, делуваше поподготвено од ривалот на првиот меч и ќе типуваме дека ќе победи и ќе игра финале за настап во Ла Лига.
Предлог тип: 1 (2.05)