Гетеборг – Норчепинг (Алсвенскан, Шведска, 19 часот)
Фудбалерите на Гетеборг ги опи успехот во финалето на Купот кога го победија Малме со 2:1 по продолженија и го освоја пехарот, па нанижаа четири меча без победа.
Избраниците на Поја Асбаги ќе мора да направат пресврт ако сакаат поспокојно да го продолжат првенството, бидејќи моментно се блиску до опасната зона.
Гетеборг е тимот со убедливо најмногу нерешени дуели, ги има дури 9 на 15 меча и три во низа на последните мечеви во Алсвенскан.
И Норчепинг влета во криза со пет меча без победа и три врзани порази. Само пред пет кола беа лидери, а сега се на четвртото место со 10 бода помалку од лидерот Малме.
Двете екипи се во криза, не сакаат нов неуспех и очекуваме да играат попретпазливо.
Предлог тип: 2>1 (1.95)
Хакен – Варбергс (Алсвенскан, Шведска, 19 часот)
Хакен го победи Варбергс во минатото коло со 3:1, и тоа на гостински терен, и потврди дека е многу поквалитетен од новиот прволигаш.
Домаќините имаат амбиции да се борат за позиции што водат во европските купови и засега им оди добро. Ако пак го победат Варбергс, ќе останат на петтото место или можат да бидат и четвртопласирани, што им нуди приклучок со екипите од врвот.
Варбергс тргна одлично во историската сезона во која за првпат е прволигаш, но потоа ги фати криза. Немаат победа на 7 меча по ред, а целта е да се обезбеди опстанок.
За жал, нема да има дуел на поранешни македонски репрезентативци бидејќи Даниел Крезиќ, кој има настапи за нашата младинска селекција, е повреден и нема да игра за Варбергс.
Кај Хакен стандарден е поранешниот сениорски репрезентативец Леонард Жута и тој и соиграчите се многу поблиску до нова победа.
Предлог тип: 1 (1.57)
Хелсингборг – Сириус (Алсвенскан, Шведска, 19 часот)
Хелсингборг и Сириус имаат скромни одбрани и го делат второто место засега според бројот на примени голови, по 25 зад Фалкенбергс, кој е најлош со 26 примени погодоци.
Сириус компензира со голови во противничките мрежи и постигна 27 на 15 меча, додека Хелсингборг е скромен само со 14 и затоа е и последен на табелата.
Тука ќе одиграме дека ќе има најмалку два гола во првото полувреме, следејќи го трендот на двете екипи, кои на три од последните четири меча што ги одиграа во Лигата играа ефикасно во првиот дел од мечевите.
Така беше и пред четири дена на нивниот меѓусебен дуел, што го доби Сириус со 3:1, со предност од 2:0 по првите 45 минути.
Предлог тип: 2+ п.п (2.45)
Васланд Беверен – Стандард (Жупилер лига, Белгија, 19 часот)
Двете екипи стартуваа победнички во новото првенство и во добро расположение го чекаат меѓусебниот дуел. Тимот од Беверен прикажа одлична игра во првото коло и неочекувано лесно го победи Кортријк со 3:1 на гостински терен.
Го имаат на располагање комплетниот фудбалски погон, а на гости им доаѓа фаворитот Стандард, кој ги нема победено на последните три гостувања, или од 2017 година.
Гигантот од Лиеж се намачи на стартот, но сепак го победи Серкл Бриж со гол во второто полувреме. Стандард има шампионски амбиции, но и многу проблеми на стартот од новаат сезона.
Повредени им се петмина играчи, кои не стигнаа во паузата, кога не се доигра прекинатото сега веќе ланско првенство, да се рехабилитираат, но Стандард има добар и квалитетен фонд на играчи.
Гостите се фаворити, но Беверен одлично стартуваше и е незгоден домаќин за гостите од Лиеж во последно време.
Предлог тип: Х (3.85)
Интер – Шахтар (Лига на Европа, полуфинале, 21 часот)
Интер е фаворит во второто полуфинале во Лигата на Европа, иако Шахтар е подоброрангиран на листата на УЕФА. Украинците станаа стандардни членови на европскиот фудбалски крем во последните десетина години и моментно се 14-торангирани, за разлика од Интер, кој е потрофеен, но е 35-ти на УЕФА-листата.
Италијанскиот тим ќе влезе со психолошка предност, бидејќи во единствениот двомеч досега против Шахтар во 2005 година беа поуспешни и ги елиминираа Украинците со победа од 2:0 и реми 1:1 во третото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите.
Интер има три пехари во Лигата на Европа и е во друштво на второрангираните најтрофејни екипи во ова натпреварување, заедно со Јувентус, Ливерпул и Атлетико Мадрид и само зад рекордерот Севилја.
Шахтар е единствената екипа од Украина што има пехар во Лигата на Европа, откако беа најдобри во 2009 година. Двете екипи играат офанзивен фудбал и ќе типуваме дека ќе има голови во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ (1.66)
Во стандардната дневна понуда на Sport Life можете да одиграте:
Лилестром – Рауфос 1&3+ (2.00)
Интер – Шахтар 1&2-4 (2.75)
Интер – Шахтар 1Х&ГГ (2.10)