Хачанов направи лом во Антверп и не го дисквалификуваа, но си замина со пораз (Видео)

Карен Хачанов нервозно реагираше, па со волеј со нога ја погоди мрежата, а потоа го фрли и рекетот на АТП турнирот во Антверп, но не беше дисквалификуван.

Рускиот тенисер сепак загуби од Даниел Еванс и нема да игра во полуфиналето на турнирот во Белгија, иако беше фаворит.

На социјалните мрежи веднаш имаше реакции за потегот на Хачанов и особено споредба со дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ на САД опен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести