Џон Тери жестоко распали, вели дека 11-мина од 26-те репрезентативци нема што да бараат на Мундијалот

Легендарниот англиски дефанзивец Џон Тери жестоко го критикуваше изборот на фудбалери кои селекторот Томас Тухел го направи за настап на Светското првенство. Според Тери, речиси половина од повиканите играчи не биле на ниво да го носат дресот на англиската репрезентација.

Според некогашниот капитен на Англија, селекторот направил повеќе клучни грешки откако од составот исфрлил неколку докажани и искусни фудбалери кои според Тери, требало да бидат дел од СП 2026. Во разговор за „Спортс нецензуриран“, Тери рече дека верува дека барем 11 од 26-те играчи не треба да бидат на списокот ако Англија сака да биде успешна ова лето.

„Само треба да ги донесете вашите најдобри играчи“, рече Тери. „Само 13, 14 или 15-мина играчи можат да ја носат играта ако сакаме да го освоиме Светското првенство. Кога ќе го погледнам остатокот од составот, не сум сигурен дека тие ќе бидат поттик за првиот тим“, критикуваше Тери.

Селекторот Тухел реши од составот да ги изостави докажаните Фил Фоден, Кол Палмер, Хари Мегваер и Лук Шоу, а според Тери, тоа е грешка затоа што ќе недостасува искуство во екипата.

- Оглас -

Најнови вести