Хрватска постигна историски успех и за првпат ќе игра во полуфинале на ЕП во женска конкуренција, по победата против Германија со 23:20.
Фуриозниот старт на второто полувреме и серијата од 5:0 со која од 12:12 стигнаа до 17:12 беше клучна за големиот успех на Хрватките, кои ќе завршат како второпласирани во својата група зад Норвешка.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1338910907674464256?s=20
Популарните Каубојки покрај огромниот успех и пробив во првото полуфинале во историјата, успеаја да ѝ се реваншираат на Германија за елиминацијата во финалето од квалификациите за пласман на Светското првенство, кога ривалките беа поуспешни и во два меча со вкупен резултат 49:45 ја елиминираа Хрватска.
Дебелиќ со шест гола беше најефикасна кај победничкиот состав, а Мицијевиќ постигна 4 гола. Кај Германките и на мечот најмногу голови постигна Мајдоф, дури 9, но нејзината репрезентација не успеа да се избори за место во квартетот најдобри на ЕП.
Вечерва од 20.30 часот, во директен дуел Данска и Русија ќе одлучуваат за последниот билет во полуфиналето. На Русинките им одговара и реми, а со евентуална победа можат да бидат и први во групата пред Франција.