Карло Анчелоти потврди: Ја сакам новата работа, ќе останам до 2030 година

Легендарниот тренер Карло Анчелоти минатото лето си замина од Реал Мадрид за да прифати нов предизвик, а тоа е да стане селектор на Бразил. Анчелоти успешно ги заврши квалификациите за пласман на СП 2026 и сега се подготвува за настап на Мундијалот со петкратниот светски првак.

Бразилскиот фудбалски сојуз веќе долго време се обидуваше да го доведе Анчелоти, па затоа уште сега е подготвен нов договор за италијанскиот стратег.

„Да, ќе го продолжам договорот со Бразил уште на четири години. Тоа е нова работа и навистина ми се допаѓа“, рече Анчелоти, кој треба да остане на чело на Бразил до јуни 2030 година.

На планетарниот собир Бразил ќе биде во групата со Хрватска, Хаити и Шкотска, а секако дека Кариоките ќе бидат меѓу фаворитите за највисок пласман на Мундијалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести