Полноќниот експрес тргна во нова авантура – Стартна петорка се плусови на Ирвинг, Тејтум, Леброн и Дејвис и победа на НБА шампионот

8536 Кајри Ирвинг (НБА, Бостон селтикс – Бруклин нетс, 23 часот)

Бруклин конечно има тим за високи дострели, а палката и командата е во рацете на Кајри Ирвинг. Човекот што доста беше критикуван дека нема лидерски карактеристики, иако е одличен бек. Во новата сезона во НБА треба да ги демантира скептиците, а сега има и штоф покрај себе дури и за атак на титулата.

Се врати и Кевин Дурант, а тимот е добро покриен на сите позиции, па Кајри треба само да го презентира квалитетот и талентот што неспорно ги има.

Играта два на два ќе биде моќно оружје на Мрежичките, а во главната улога ќе бидат Ирвинг и Дурант.

Веќе на стартниот меч со Голден стејт вориорс покажаа дека ќе бидат извонреден тандем. Ирвинг е и одличен кошгетер, има луцидни решенија и асистенции во нападот и одбраната на Бостон нема да има лесна задача. Иако Маркус Смарт е одличен дефанзивец, сепак ќе типуваме на триплета плус на Кајри Ирвинг.

Предлог тип: >33.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

8499 Џејсон Тејтум (НБА, Бостон селтикс – Бруклин нетс, 23 часот)

Извонредното крило на Бостон селтикс си симна голем товар пред стартот на сезоната со продолжување на договорот со тимот за кој настапува. Договор кој тежи неверојатни 195 милиони долари и е меѓу најскапите во историјата на НБА лигата.

Тејтум веднаш покажа дека на Бостон секој цент ќе му се исплати, со победничка тројка против Милвоки бакс. Ја постигна во последните секунди и тоа преку Јанис Адетокумбо, најскапиот играч во историјата на лигата.

Сега на ред за него е уште еден голем дуел, против Кевин Дурант во меч што е дерби на Источната конференција. Просекот на Тејтум во поени расте од сезона во сезона и лани имаше 23.4 во регуларниот дел и 25.7 поени по меч во плејофот.

Се работи за едно од најмоќните и најагресивни крила во НБА лигата, а патем Џејсон е и млад кошаркар, има само 22 години и огромен потенцијал да напредува. На првиот меч против Милвоки, тим што важи за одличен во дефанзива, постигна 30 поени, па ќе типуваме уште еден плус за крилото на Бостон селтикс.

Предлог тип: >27.5 поени (1.95)

 

1610 Лос Анџелес лејкерс – Далас маверикс (НБА, 02 часот)

Sport Life нуди одлична можност на ист тикет да комбинирате меч од СУПЕР ТИП, со поени, аситенции, или скокови на кошаркари од истиот натпревар.

Ќе ја искористиме можноста да одиграме на победа на шампионот против Далас со зголемен коефициент и да одиграме и на кошаркари со индивидуални тотали од истиот натпревар.

И двете екипи стартуваа со порази, па ова е дуел за рехабилитација. Актуелниот првак доживеа незгоден неуспех во дуелот со градскиот ривал Лос Анџелес клиперс и нема да си дозволи старт на новата сезона со два порази по ред.

И Далас неочекувано загуби од Феникс, а голем хендикеп за нив е што го немаат Кристапс Порѕингис во составот. Лејкерс имаат две победи по ред во меѓусебните дуели против Далас, но загубија во подготвителниот период, без главните ѕвезди во тимот. Ако се разигра Дончиќ се е можно, но Леброн и Дејвис се премногу квалитетни за гостите.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

8542 Леброн Џејмс (НБА, Лос Анџелес лејкерс – Далас маверикс, 02 часот)

Граница од 23.5 поени за најдобриот кошаркар на денешницата изгледа супер примамливо и ќе ја искористиме понудата во Sport Life да одиграме на плус поени на Леброн Џејмс.

Кралот на кошарката тргна скромно во новата сезона со 22 поени во дербито на Лос Анџелес против Клиперс. Имаше и за него скромен број на асистенции и скокови, по пет што е слаб учинок за првата ѕвезда во НБА лигата.

На четири меча што ги играше против Далас како кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн трипати ја минуваше границата од 24 поени, а најмногу постигна на првиот дуел, дури 39 поени.

Очекуваме и сега да одигра во препознатлив стил и да го предводи шампионот во победничка серија на почетокот на сезоната во која Лејкерс ја бранат титулата.

Предлог тип: >23.5 поени (1.87)

 

8541 Ентони Дејвис (НБА, Лос Анџелес лејкерс – Далас маверикс, 02 часот)

Кога игра на свое ниво, речиси и да нема играч во НБА што може да му се спротивстави на Ентони Дејвис, играч за кој велат дека може да игра на сите позиции.

Лејкерс во одредени моменти во минатата сезона го користеа својот Ол-стар играч и како центар, иако по вокација е моќно крило. Има долги раце, одличен дефанзивец е, а кога е расположен за игра лесно ја минува границата од 30 поени.

Токму против Далас на трите меча што ги одигра досега како член на шампионот постигна вкупно 81 поен, или 27 во просек, што покажува дека му лежи дефанзивата на Маверикс.

Фини-Смит е солиден дефанзивец, но не може да го чува Дејвис, кога крилото на Лос Анџелес игра на свое ниво, па ќе типуваме уште еден плус за големата ѕвезда на актуелниот првак.

Предлог тип: >25.5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести