Баерн Минхен им се придружи на Баер Леверкузен, Штутгарт и Фрајбург во полуфиналето на Германскиот фудбалски куп.
Баварците вечерва дома го совладаа Лајпциг со 2-0. Баерн еден час не успеваше да погоди, а тогаш со триминутен блиц-криг на Кејн во 64-тата и на Луис Дијас во 67-мата минута,ж дојдоа до водство кое Црвените бикови беа немоќни да го анулираат.
Кејн и Дијас на трети меч по ред даваат гол(ови). Англичанецот има три гола на последните два меча, сите три од пенал, додека Колумбиецот даде четири гола на овие два меча и има пет погодоци на последните три натпревари.

