Последното полувреме на „Енфилд роуд“ ќе биде пеколно

1931 Грасхоперс – Сент Гален (Куп на Швајцарија, 18 часот)

Грасхоперс иако е второлигаш, тој е најпознатиот клуб во Швајцарија со најмногу шампионки круни и куп-пехари во земјата. Сега ќе имаат уникатна шанса да се закитат со 20-јубилеен трофеј во националниот куп и да се промовираат во прволигаши во иста сезона.

Популарните Скакулци се лидери во Втората лига, а во купот имаа одлична шанса за да бидат и победници бидејќи веќе испаднаа двата најголеми фаворити, Јанг бојс и Базел.

Шампионот Јанг бојс испадна во минатата рунда, токму од Сент Гален, па ова четвртфинале ќе биде исклучително интересно.

Се игра само еден меч и победник и полуфиналист ќе мора да има денеска. За Грасхоперс се очекува во стартната постава да биде и нашиот репрезентативец Никола Ѓорѓев, кој игра извонредно и досега има 7 гола и 7 асистенции за најтрофејниот швајцарски клуб.

Шансите на двете екипи се израмнети, особено и поради фактот што легендарниот „Лецигрунд“ во Цирих ќе биде празен, па Грасхоперс ќе ја нема поддршката од своите навивачи.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.60)

 

1912 Лиферинг – Австрија II (Втора лига, Австрија, 18.30 часот)

Ова е некое вид дерби на вторите екипи на Салцбург и на Австрија Виена, а многу подобри сезонава се младите Бикови, кои можат и да бидат нови лидери на табелата во Втората лига ако победат денеска.

Вториот тим на Австрија Виена се бори за опстанок и е само на еден бод над зоната за испаѓање. Салцбург многу вложува во својата младинска Академија, а Лиферинг беше и европски првак во Лигата на шампионите на УЕФА за играчи до 19 години.

Домаќините се фаворити, но кога се работи за млади момчиња, тешко е со сигурност да се типува на конечен исход, па ќе одиграме на голови.

Предлог тип: 3+ (1.60)

 

1608 Рајо Валјекано – Мирандес (Сегунда, Шпанија, 19 часот)

Ова е клучен меч за Столе Димитриевски и соиграчите со победа да го запечатат настапот во плејофот за последното место што води во Ла Лига.

Ако Рајо Валјекано го победи Мирандес, ќе се пробие на четвртото место и ќе направи голема разлика од 9 бода пред Жирона и Понферадина на 8 кола до крајот на сезоната во популарната Сегунда.

Своја шанса гледа и Мирандес, екипа што може со две врзани победи да се приближи до Рајо само на пет бода. Реално гостите засега се далеку од плејоф-зоната, но додека има надеж, ќе се обидат да приредат подвиг.

Рајо ја прегрме кризата во февруари и на почетокот на март, кога имаше пет меча без победа, и сега е само со еден пораз на последните 7 натпревари.

Домаќините се и во подобра форма и имаат подобар тим, а „единицата“ е одлична во Sport Life.

Предлог тип: 1 (2.05) Супер тип на Sport Life

 

6001 Ливерпул – Реал Мадрид (Лига на шампиони, 21 часот)

Може ли Ливерпул да ги репризира епските подвизи против Рома и Барселона кога на „Енфилд роуд“ успеваше да анулира негатива од два и од три гола разлика?

Тоа е главното прашање пред дербито и реваншот во четвртфиналето со Реал Мадрид, клуб кој допатува во Англија со предност од 3:1. Токму тој резултат беше и во финалето во ЛШ во Киев пред три години, кога Кралскиот клуб го освои третиот европски пехар по ред и вкупно 13-ти, што е рекорд.

Реал има голема предност и одлична атмосфера и по одличниот настап на првиот меч против Ливерпул и потоа по победата во „Ел Класико“ против вечниот ривал Барселона.

Иако гостите имаат доста проблеми со повреди, па нема да играат капитенот Рамос, Азар, Варан, Лукас и веројатно и Карвахал, сепак тешко ќе испуштат предност од два гола.

Ливерпул немаше решенија како да му се спротивстави на средниот ред на Реал на првиот меч, а Модриќ, Крос и Каземиро доминираа и потполно ги надиграа Кејта, Фабињо и Вајналдум.

Тука повторно ќе биде клучната битка, а типуваме дека ќе се разгори во второто полувреме и дека решението ќе дојде со гол(ови) во последното полувреме од двомечот.

Предлог тип: 2>1 (1.94)

 

6002 Борусија Дортмунд – Манчестер сити (Лига на шампиони, 21 часот)

Манчестер сити малку и го загуби чекорот по фантастичната серија од 28 меча без пораз, па претрпе два на последните 8 меча, што за нив е невообичаено.

И резултатот против Борусија Дортмунд од првиот меч е некако „тенок“, 2:1 не е голема предност, особено против германска екипа. Популарните Граѓани сè уште се фаворити за пласман во полуфиналето, но Милионерите се опасна и многу полетна екипа.

Халанд, Ројс, Џан и останатите играчи на Борусија можат да се носат со секој противник и иако тимот од Дортмунд има многу проблеми со повредени играчи, сепак не смее да се отпише.

Резултатот од првиот меч е интересен, може да се игра и попретпазливо бидејќи на Борусија ѝ одговара и 1:0 за пласман во полуфиналето, а на Сити секое реми и победа ќе му отвори порти кон завршницата во ЛШ.

Сепак, очекуваме еден или повеќе голови во првото полувреме да го отворат натпреварот и да гледаме нов ефикасен меч меѓу Борусија и Манчестер сити најмалку со три гола.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.73)

 

- Оглас -

Најнови вести