Вечерва мегаспектакл во „Јане Сандански“, Бобан Илиоски ќе се бори за светска титула!

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се бори за светската титула против актуелниот „ВАКО“ шампион, Берк Дузенли од Турција.

Гала настанот „ВАКО ПРО АФН 9“ почнува во 19 часот, а организатор е Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, а ова е прв од ваков вид професионален кикбокс меч кај нас, со тоа што главната борба на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на признанието спортист на годината во Македонија.

Илиоски ќе се соочи со актуелениот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES во категоријата до 88.6 кг, со Дузенли.

Исто така, на еден од мечевите вечерва ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

Покрај овие две борби, ќе има уште шест други мечеви во машка и женска
конкуренција на кои настап ќе земат атрактивни борци од нашата земја и нивните противници од Србија, Словенија, Босна и Израел кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО (Светската асоцијација на кикбокс организации) првенства.
Настанот ќе се пренесува во живо на МТВ3.

Билетите се пуштени во продажба онлајн на kupikartizase.com, а ќе ги има и пред билетарницата во салата.

 

- Оглас -

Најнови вести