Јокиќ игра лудо, во една четвртина постигна двојно поени од целиот тим на Њујорк (Видео)

Никола Јокиќ игра брилијантна кошарка и е топ-кандидат за МВП во регуларниот дел од сезоната, а ноќеска приреди уште еден неверојатен подвиг во победата на Денвер нагетс против Њујорк никс со 113:97.

Популарниот Џокер сам постигна двојно повеќе поени, 24, од целиот тим на Њујорк, 12 во првата четвртина. Притоа имаше и 6 скока и 2 блокади, па играше симултанка со гостите од Њујорк.

https://twitter.com/TheEliteMedia_/status/1390120691253579780?s=20

Мечот го заврши со 32 поени,12 скока и шест асистенции за помалку од половина час минати на паркетот.

Јокиќ вчера беше рангиран како најсериозен кандидат за МВП на сезоната во НБА од The Ringer.

Како што игра цела сезона, во трка за признанието би требало да биде и Расел Вестбрук. Олраунд кошаркарот на Вашингтон визардс повторно одигра магична партија баскет, иако неговиот тим Вашингтон загуби со 125:124 од Милвоки бакс во драматичен меч.

Метјуз промаши обид за тројка од огромна далечина за победа на Визардс, а Вестбрук имаше нов трипл-дабл со 29 поени, 12 скока и 17 асистенции.

Тоа му е 179-ти трипл-дабл во кариерата и му требаат уште три за да го мине Оскар Робертсон, кој е рекордер со 181 ефект со троен двоцифрен ефект во историјата на НБА-лигата.

Резултати: Орландо – Бостон 96:132, Кливленд – Портланд 105:141, Атланта -Феникс 135:103, Хјустон – Филаделфија 115:135, Индијана – Сакраменто 93:104, Милвоки – Вашингтон 135:134, Минесота – Мемфис 135:139, Денвер – Њујорк 113:97, Јута – Сан Антонио 126:94.

 

 

- Оглас -

Најнови вести