Има кошаркари и на стара слава – Јокиќ е топ-кандидат за МВП, изненадување е лошата позиција за Дончиќ

Никола Јокиќ е рангиран како најсериозен кандидат за наградата најкорисен кошаркар во регурларниот дел од сезоната во НБА-лигата на листата од 25-мина кошаркари што ја состави „Theringer.com“.

Јокиќ игра брилијантна сезона со просек што е блиску до трипл-дабл, или 26,2 поени, 10,9 скока и 8,5 асистенции и според многумина, го заслужува признанието.

Изненадување е лошата позиција на Лука Дончиќ, кој е рангиран како десетти по ред кандидат за МВП. Со просеци од 28,6 поени, 8 скока и 8,9 асистенции, Словенецот се чини потценет, а пред него се кошаркари кои долго паузираа сезонава, меѓу нив и Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Кевин Дурант, па и второрангираниот Леброн Џејмс.

Кралот на кошарката има послаби бројки од Дончиќ, со 25 поени, 7,9 скока и 7,8 асистенции, но сепак според „Theringer.com“, е втор најсериозен кандидат за признанието МВП на сезоната во НБА-лигата.

Еве го Топ-10 ранкингот на „Theringer.com“:

1.Никола Јокиќ (Денвер нагетс)

2.Леброн Џејмс (Л.А. Лејкерс)

3.Џоел Ембид (Филаделфија 76)

4.Стефон Кари Голден стејт вориорс)

5.Кевин Дурант (Бруклин нетс)

6.Кавај Ленард (Л.А. Клиперс)

7.Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс)

8.Џејмс Харден (Бруклин нетс)

9.Ентони Дејвис (Л.А. Лејкерс)

10.Лука Дончиќ (Далас маверикс)

 

- Оглас -

Најнови вести