Шпанците беа подобри пеналџии, ја елиминираа одличната Швајцарија

Трикратниот европски првак Шпанија е прв полуфиналист на ЕП, откако на пенали со 3:1 ја победи и елиминира Швајцарија во Санкт Петербург.

Црвената фурија имаше подобри пеналџии и е прв полуфиналист со триумф против одличната Швајцарија. Во регуларниот дел и по дополнителното време беше 1:1.

Серхио Буксетс го промаши првиот удар во пенал рулетот, оснонсо ја погоди стативата, а потоа Гаврановиќ беше прецизен за предност на Швајцарците од 1:0.

Во втората серија се заврте среќата, па Дани Олмо погоди и израмни на 1:1, а Фабијан Шер не успеа да го совлада Унаи Симон. Следуваше нова утка на Шпанците, а Јан Сомер му го одбрани ударот на Родри.

И трет пенал по ред не беше реализиран, а Симон повторно беше одличен и му го одбрани ударот на Аканџи. Потоа погоди Морено, промаши Варгас за Швајцарија, па Ојарзабал со прецизен удар и донесе полуфинале на Шпанија.

Во регуларниот дел поведе Шпанија со автоголот на Закарија во осмата минута, а израмни Џердан Шакири во 68. минута.

Девет минути подоцна Ремо Фројлер беше исклучен поради груб старт, па Швајцарија играше околу 45 минути со играч помалку, сметајќи го регуларниот дел и продолженијата.

Во полуфиналето Шпанија ќе игра со победникот од дербито на четвртфиналната рунда меѓу Белгија и Италија што се игра вечерва од 21 часот во Минхен.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести