Хитот на ЕП стаса до омилената ситуација – Швајцарците се навикнаа на пенали, ќе бидат ли подобри и од Шпанија?

Швајцарија успеа да ги одбие сите напади на Шпанците со играч помалку во двете продолженија од по 15 минути во Санкт Петербург и се изборија за пенали, што ќе одлучат која репрезентација ќе биде првиот полуфиналист на Европското првенство.

Во осминафиналето Швајцарците го земаа скалпот на Французите, кои имаат 4 титули на Мундијналите и на Европските првенства, а ако ја елиминираат и Шпанија ќе исфрлат уште една селекција со 4 вредни трофеи, три од Европските првенства и една од Светските шампионати.

Во регуларниот дел поведе Шпанија со автоголот на Закарија во осмата минута, а израмни Џердан Шакири во 68. минута. Девет минути подоцна Ремо Фројлер беше исклучен поради груб старт, па Швајцарија играше околу 45 минути со играч помалку, сметајќи го регуларниот дел и продолженијата.

- Оглас -

Најнови вести