33.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Бордалас го има Хетафе на дланка, ќе ја предводи Валенсија до победа на премиерата во Ла Лига

1604 Борусија Менхенгладбах – Баерн (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Борусија ќе се обиде да го изненади шампионот на Германија во премиерниот меч од новата сезона во Бундеслигата, а домаќините ќе се обидат и да ја репризираат претставата од пред 20-на дена кога во пријателски меч славеа со 2:0.

Сепак го паметат и дебаклот од мај годинава кога Баерн ги растури со победа од 6:0 во меч од Бундеслигата. За Борусија е добра традицијата која вели дека на „Борусија Парк“ двапати по ред во натпревари од Бундеслигата го победува шампионот и најтрофеен тим во Германија.

Двете екипи имаат доста проблеми со повреди на играчите, но и негуваат офанзивен стил на игра, па може да се очекуваат многу голови и да се тресат двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.83) Супер тип на Sport Life

 

1655 Шарлроа – Антверпен (Жупилер лига, Белгија, 20.45 часот)

Михаел Фреј приреди чудо во претходното коло и постигна неверојатни пет гола за Антверпен на гостувањето кај Стандард во Лиеж, што е уникатен подвиг.

Швајцарецот ја игра првата сезона за Антверпен и веќе постигна шест гола на три меча, па тој ќе биде голем адут за нова победа денеска против Шарлроа.

Домаќините немаат пораз на стартот од новата сезона во Жупилер лигата, играат црвсто и примија само еден гол, но кога на мегдан им излегува Антверпен приказната е сосема поинаква.

На последните шест меѓусебни дуели меѓу овие две екипи на четири имаше ГГ&3+ што е наш тип и за денеска на дуелот од четвртото коло во Белгија.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.25)

 

1001 Брентфорд – Арсенал (Премиерлига, Англија, 21 часот)

Брентфорд ќе има убава промоција како член на Премиерлигата, за првпат во историјата на клубот, а на гости им доаѓа еден од гигантите на англискиот фудбал Арсенал.

Популарните Пчели конечно успеаја низ бараж да се пробијат во највисок ранг на натпревари и ќе се обидат да го изненадат фаворитот. Брентфорд беше најефикасниот тим во ланското првенство во Чемпионшип и веројатно ќе продолжат во ист стил, офанзивно и на премиерата во Премиерлигата и во продолжението од првата сезона како прволигаши.

Арсенал секогаш е подготвен за тактика, да се постигне гол повеќе, многу се очекува од тимот што има ѕвезди од калибарот на Обамејанг, Пепе, Сака, Џака, Смит Роу…

Арсенал во последните неколку сезони немаше успеси во Премиерлигата, па Артета веројатно ќе ја има и последната шанса со тимот да се врати во врвот на англискиот фудбал.

Предлог тип: ГГ (1.79)

 

1301 Валенсија – Хетафе (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Валенсија и Хетафе изненадувачки се бореа за опстанок во ланското првенство, но сепак успешно ги прегрмеа сите искушенија.

Овој дуел што е премиерен за новата сезона во Ла Лига ќе биде особено интересен за менаџерот на Валенсија Хосе Бордалас, кој од 2016 година до мај годинава беше тренер токму на Хетафе.

Клубот од Мадрид со него ги имаше и најголемите успеси, а преклани за малку утнаа и настап во Лигата на шампионите.

Бордалас важи за одличен тактичар и се очекува да ја врати Валенсија на патеките на успехот.

Лилјаците имаат солиден тим што го предводат двајцата шпански репрезентативци Солер и Гаја, но проблем во последно време се финансиите.

Бордалас е експерт за таков калибар на екипи и од него се очекува да го стабилизира клубот кој важи за шпански гигант.

Предлог тип: 1 (2.50)

 

1701 Лоријон – Монако (Лига 1, Франција, 21 часот)

Двете екипи го почнаа новиот циклус натпревари во Лига 1 со идентичен резултат, но тоа донесе различно расположение во двата табори.

Лоријон освои бод на гостувањето кај најтрофејниот клуб во Франција, Сент Етјен што е успех, а Монако ремизираше дома со Нант што беше изненадување и лош исход за еден од кандидатите за титулата.

Монако има големи амбиции и не смее да губи бодови на стартот од новата сезона. За нив гостувањата кај Лоријон се за мерак и на последните три меча победуваа и му ја наполнија мрежата на домаќинот со вкупно 10 гола.

Монако има топ-напад, го купија одличниот Боаду од АЗ Алкмар, тука се и Воланд, Бен Једер, Мартинс, Головин… и гостите се фаворити за победа.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.23)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести