Флик верува дека решението за проблемите на Барселона може да го најде во Манчестер сити

Барселона се фокусираше на доведување на нови играчи во зимскиот преоден рок, со што треба да ја зајакнат екипата во обидот да се стигне до трофеи сезонава. Според пишувања на дел од британските медиуми, каталонскиот гигант го пикирал дефанзивецот на Манчестер сити, Аке.

Актуелниот шпански првак сака да создаде цврста и квалитетна дефанзивна линија, а Аке треба да биде играчот кој би донел стабилност. Освен Барселона, за Аке се интересираат и некои други екипи како Кристал палас, Фулам и Вест хем.

Од Манчестер сити најавуваат дека би го продале Аке доколку некој тим понуди меѓу 30 и 35 милиони евра за раскин на неговиот договор.

 

- Оглас -

Најнови вести