Новиот боксерски херој откри кој му помогнал најмногу за да го победи Џошуа

Олександар Усик е новиот светски боксерски првак во тешка категорија, откако во Лондон, на стадионот на Тотенхем, пред 70.000 гледачи, го победи домашниот миленик Ентони Џошуа. Украинецот со оваа победа успеа да обедини четири титули, додека Џошуа остана без шампионските појаси, со надеж да добие реванш и да го врати приматот.

Со оваа победа Усик ја продолжи перфектната низа од 19 победи, без ниту еден пораз, додека Џошуа го претрпе вториот пораз, а остана на 24 победи.

Усик во текот на целиот меч боксуваше одлично. Беше агресивен, го напаѓаше противникот, а буквално во последните секунди од последната рунда за малку и ќе го нокаутираше Џошуа. Украинецот по мечот откри дека најголемата сила ја добил од Господ Бог.

„Многу ми значи оваа победа. Борбата изгледаше токму така како што претпоставував дека ќе биде. Неколку пати Џошуа ме притисна, но не беше ништо посебно. Не бркав нокаут, затоа што тренерот така ме советуваше. Тргнав агресивно, почнав да го удирам, но тренерот ме советуваше да се смирам и само да ја одработам задачата. Му благодарам на Исус Христос, сè доаѓа од него“, рече Усик веднаш по мечот.

Украинецот вели дека сега не размислува за реванш, туку дека сака само да се врати кај семејството и да помине повеќе време со најмилите. Усик откри дека од јануари се подготвувал за овој меч против Џошуа.

- Оглас -

Најнови вести