Барање полувремето на фудбалските мечеви да трае 25, наместо сегашните 15 минути

Фудбалското тело задолжено за промена на правилата (ИФАБ), планира во текот на овој месец да има состанок и да го разгледа предлогот за зголемување на времетраењето на полувремето. Предлогот е полувремето да трае 25 минути, нешто како што е на Супер болот во НФЛ американската лига.

Иницијативата на ова барање пристигна од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), која минатиот месец поднесе барање за да се овозможи на полувремето од финалето во Копа Либертадорес купот да има доволно време да се изведе забавен шоу програм.

Пред 10-тина години ИФАБ го одби барањето за зголемување на времетраењето на полувремето од 15 на 20 минути. Образложението за барањето да се зголеми полувремето беше дека на играчите им е потребно повеќе време за да стигнат до соблекувалните, но Фудбалското тело задолжено за промена на правилата процени дека тоа е барање исклучиво поради маркетиншки причини.

- Оглас -

Најнови вести