Фудбалерите на Германија ја зебелажаа и втората победа во мартовскиот прозорец на ФИФА, односно седма по ред ако се сметаат и последните пет меча од квалификациите за Светското првенство.
Избраниците на Јулијан Нагелсман со 2-1 славеа над Гана, па дојдоа до ефект од 22 гола на последните седум меча на коишто победија или во просек со над три по натпревар.
Кај Хаверц со гол од пенал во самиот финиш од првото полувреме ја донесе Германија во водство.
Исахаку Фатаву во 70-тата минута израмни на 1-1 откако се најде на вистинското место во шеснаесетникот на Германија и погоди во мрежата на Александер Нубел.
Победата за Германците ја донесе Денис Ундав во 88-мата минута.
Германија пред почетокот на Светското првенство ќе одигра пријателски натпревари и против Финска и против САД, а на Мундијалот е во група со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.
Гана во пресрет на Мундијалот ќе одигра контролни натпревари против Мексико и Велс, а таму е во група со Панама, Англија и Хрватска.

