Погоди 14 меча од ЛШ, но му избегаа 4.000 евра поради еден гол

Обложувач од Струмица во Sport Life има за што да жали по комплетирање на синоќешните дуели од Лигата на шампионите. На тикет на којшто се наредени 15 фикса на парови од елитната европска лига, со вложени само 50 денари, имал тикет со добивка од 251.019 денари.

Седумте меча од вторникот беа погодени, исто како и двата вчерашни од пораниот термин од 18:45 часот, па останале шесте средби од 21 часот во средата. И таму се погодени пет натпревари, но „мината“ се случи на дуелот Лил – Севилја. Фиксот за овој дуел било „двојка“, односно победа на Севилја, но, за жал, гостите не постигнаа гол и на крајот заврши 0:0 и на обложувачот „му избегаа“ над 4.000 евра добивка со влог од помалку од едно евро.

Дека дуелот Лил – Севилја синоќа беше кобен за обложувачите, доказ е и тикетот уплатен во Скопје. Тука е одиграно на повеќе комбинации од синоќешните дуели во ЛШ од 21 часот. Погодени се пет, а само на Лил – Севилја, каде што немаше погодоци, е утката. Фалеше само еден гол во првото полувреме да има за да биде добитен тикетот уплатен со 300 денари, а добивката ќе изнесуваше 49.377 денари.

За разлика од овие два тикети кои за малку се недобитни, имаше и ливчиња кои донесоа добивки од над 700.000 денари. Тие тикети може да ги проверите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести