1002 Манчестер јунајтед – Манчестер сити (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)
Големото дерби на Манчестер овојпат ќе биде уште поинтересно и заради Кристијано Роналдо. Португалецот требаше да го засили Сити ова лето, но во последен миг го смени правецот и сината страна на градот ја замени за црвената и се врати во Јунајтед.
И сега по тој маневар на популарниот ЦР7 за првпат ќе се игра големото манчестерско дерби. И двете екипи имаат по три значајни отсуства, или најави за фудбалери што нема да играат денеска на „Олд Трафорд“.
Кај домаќинот сигурно нема да играат Варан и Погба, а неизвесен е Линделоф, додека кај Сити без настап ќе останат Лапорт и Торес, а неизвесен е Вокер.
Интересно е што се највува дека и двете екипи ќе играат без класичен шпиц, а Роналдо и Фоден ќе бидат во улога на лажни деветки.
Двете екипи се со огромна традиција и тоа тривековна, откако се формирани во 1878 година, Манчестер јунајтед и во 1880 година Манчестер сити.
Досега вкупно одиграле 185 меѓусебни дуели. Јунајтед е многу поуспешен со 77 победи, ривалот има 55, а нерешено завршиле 53 дуели.
На последните пет натпревари во сите конкуренции едната екипа не постигнуваше погодок, па време е таа серија денеска да се прекине.
Предлог тип: ГГ (1.56)
1005 Брентфорд – Норич (Премиерлига, Англија, 16 часот)
Брентфорд почна одлично во дебитанската сезона во Премиерлигата, но сега има три порази по ред. Меѓу другото на тоа им кумуваа и повредите кај популарните Пчели.
Првиот голман Давид Раја го повреди коленото и не брани, а не игра и Ајер и лани стандардните Соренсен и Дасилва.
Норич е интересен тим, што во последните неколку години е меѓу Чемпионшип и Премиерлигата. Двапати во кус рок од три сезони беа први во Втората лига и убедливо последни во Првата лига, а и сега се на дното без ниту една победа.
Норич наместо да се засили продаде неколку важни играчи и е слаб за една од најсилните лиги на светот, па типуваме дека ќе загуби и од Брентфорд, кој има постабилен и поквалитетн тим.
Предлог тип: 1&0-3 (2.30)
1303 Селта – Барселона (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)
Барса конечно го дочека Чави Ернандес, и сагата веќе заврши, па легендата на клубот се врати на „Камп Ноу“ сега како тренер што треба да ги вади жешките костени.
Барса е во постојан хаос и не игра добро, а тоа најдобро го отсликува погледот на табелата во Ла Лига и деветтото место. Чави веројатно ќе донесе свежина и нови идеи, но ќе има и тешка задача.
Каталонците имаат неколку екстра добри млади играчи, но за лига каква што е шпанската треба и искуство. Овојпат тоа ќе биде на страната на Селта, екипа што ги има искусните Аспас, Нолито и опасен напад во кој е и Санти Мина.
Тимот од Виго знае да ја изненади Барселона, има неколку вредни победи во последно време и може да ја затресе мрежата на Тер Штеген, но и ќе прими барем еден гол.
Предлог тип: ГГ (1.60)
1806 Лајпциг – Борусија Дортмунд (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)
Кога меѓусебе играат Лајпциг и Борусија тоа е мерак за сите љубители на фудбалот и за обложувачите, бидејќи има многу голови.
На четири од последните пет меча редовно беше 4+, па и сега некако мириса на гол-шоу на „Ред Бул арена“.
Кај гостите ќе го нема најдобриот стрелец Ерлинг Халанд, но и без него Борусија дава и прима многу голови. За Лајпциг голем проблем е што ќе им нема тројца стандардни дефанзивци, Клостерман, Халстенберг и Орбан, но Биковите веќе се навикнаа да играат без нив.
Ова коло е последно пред паузата со настапи на репрезентациите во квалификациите за Мундијалот во Катар, па ќе типуваме дека и двете екипи ќе играат на победа на меч со многу голови.
Предлог тип: 2-3I&2-3II (5.20)
3004 Калјари – Аталанта (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Калјари има многу солиден тим со одлични поединци од калибарот на Жоао Педро, Паволети, Нандес, Годин, Стротман…, но игра многу лошо како колектив и е на последното место во Серија А.
Клубот од Сардинија веројатно е и најголемото разочарување во првата третина од шампионатот на Италија, а и денеска тешко дека ќе може да се вади за неуспесите против опасната Аталанта.
Гостите од Бергамо се подобри, но голем проблем им е заморот. Во кус рок играа два тешки меча со Манчестер јунајтед, а меѓу нив и со добриот тим на Лацио, потоа и со Сампдорија и Удинезе.
Темпото им е пеколно, имаат неколку стандардни играчи што се повредени, но Гасперини е одличен стратег и мотиватор и вади максимум од тимот во вакви околности.
Тимот е во позиција да се бори за едно од првите четири места што водат во Лигата на шампионите, а и во тековната сезона во елитното европско натпреварување не се загубени шансите за настап во осминафиналето.
Победа против Калјари би била одличен поттик за Аталанта и типуваме дека ќе ја остварат, а максимум на домаќинот е да постигне гол во мрежата на Мусо.
Предлог тип: 2&ГГ (3.00)