Легендата се врати на „Камп Ноу“ – Барселона потврди, Чави е наш тренер до 2024 година (Фото)

Конечно и Барселона потврди дека мисијата е успешно завршена и иконата на клубот, Чави Ернандес се врати и ќе биде тенер на Каталонците до 2024 година.

Со тоа заврши сагата која го привлекуваше вниманието во последниот период, односно од моментот кога Роналд Куман доби отказ во Барселона.

Чави конечно доби зелено светло од Ал Сад, чиј тренер беше досега да си замине и да се врати на „Камп Ноу“. Катарците треба да добија отштета од 5 милиони евра, од кои Чави ќе плати половина и добија согласност од Барселона да одиграат пријателски меч во Катар.

Новиот тренер на Каталонците ќе има промоција на 8. ноември според најавата од таборот на Барселона.

Чави го мина најголемиот дел од играчката кариера во Барселона, клуб во кој пристигна во 1991 година како 11-годишно момче и остана се до 2015 годинал кога се пресели во Катар, во Ал Сад.

Сега ќе има интересна биографија и настапи и тренерлук во само два клуба, во Барселона и во Ал Сад. Има богата колекција од трофеи со Бардселона и четири титули во Лигата на шампионите и 8 во Ла Лига.

Двапати го креваше пехарот во Суперкупот на Европа и на Светскиот клупски куп на ФИФА.

За шпанската репрезентација одигра 133 натпревари со 13 постигнати гола и има трофеи од Мундијалот во 2010 година и од ЕП во 2008 и во 2012 година.

Со Ал сад беше шампион на Катар и како играч и како тренер, а сега почнува ново поглавје како главен кормилар во својот клуб, во Барселона со потпишан договор до 2024 година.

 

- Оглас -

Најнови вести