Страшно: На главата му се појави „рог“, но продолжи да брани (Видео)

Голманот на Нотингем Форест Брис Самба, се најде во фокусот на англиската јавност поради повредата која ја здоби на дуелот против Дерби каунти. Пред крајот на првото полувреме, Самба се судри со еден противнички играч и падна, па мораа лекарите да реагираат.

Неколку минути траеше помошта за Самба, кој од ударот се здоби со неверојатно голем хематом на главата. Иако делуваше страшно, лекарите дозволија Самба да продолжи да игра и голманот бранеше до крајот на средбата, а неговиот тим победи со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести