Цветановска и Дехари ќе го развеат македонското знаме на отворањето на Игрите во Пекинг

Македонската делегација со тројца спортисти ќе биде преставена на Зимските олимписки игри кои ќе се играат од 4 февруари до 20 следниот месец. Ана Цветановска, Ставре Јада и Дардан Дехари ќе ги бранат македонските бои.

Ана Цветановска прва ќе настапи, и тоа на 5 февруари, на крос-кантри на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон, додека на 10 февруари ќе настапи на 10 километри класичен стил.

Јада ќе се натпреварува во спринт слободно на 1,5 километар, трка која е закажана за 8 февруари, додека на 19 февруари ќе се трка на 50 километри слободен стил.

Дехари ќе настапи во скијачките дисциплини слалом и велеслалом на 13 и 16 февруари.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) одлучи на отворањето на Игрите знаменосци да бидат Цветановска и Дехари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести