Офанзивниот играч на Порто Луис Дијас, во следните неколку дена треба да го смени клупскиот дрес и да стане нов играч на Ливерпул. Колумбискиот репрезентативец ги договорил личните услови со англискиот гигант и целата документација околу трансферот треба да биде готова до победлник, кога и завршува зимскиот преоден рок.
Дијас моментно има репрезентативни обврски со Колумбија, која синоќа неочекувано загуби на свој терен од Перу во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство Катар. Луѓе на Ливерпул треба да бидат во Колумбија, каде ќе се направат лекарските прегледи, за да се комплетира договорот, кој ќе биде потпишан на пет години.
Liverpool and FC Porto are preparing paperworks in order to complete Luís Diaz deal as soon as possible. Clubs discussing on final details – while Diaz has agreed personal terms to join Liverpool immediately. 🔴🇨🇴 #LFC
Luís Diaz will sign with Liverpool on a five year deal. pic.twitter.com/24JMhuRG9u
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 29, 2022
Се очекува Ливерпул да плати 45 милиони евра, плус 15 милиони евра во вид на бонуси, за да го добијат играчот на Порто. Дијас сезонава одигра 28 меча за Порто и постигна 16 погодоци.
Luis Diaz – Welcome to Liverpool pic.twitter.com/LKxbTvISlD
— Liverpool F.C (@Livehpool) January 28, 2022