18.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Американците играа во место каде што беше минус 17 степени, а противниците буквално замрзнаа на теренот! (Фото+Видео)

Фудбалската репрезентација на САД го победи Хондурас со 3:0 во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, триумф по кој Американците сега се многу блиску до место на Мундијалот.

Овој меч посебно ќе го памтат гостите од Хондурас, кои буквално премрзнаа на теренот. Мечот се играше во Минесота, каде што температурата падна и до минус 17 степени, а за време на средбата дувало и силен северен ветер, па делувало како да е уште постудено.

Во такви поларни услови, двајца фудбалери на Хондурас буквално ќе замрзнеле на теренот. Голманот Луис Бобо Лопес и еден играч морале да бидат заменети на полувреме поради тоа што покажувале знаци на хипотермија.

На играчите на двата тима и на судиите им беше дозволено да носат заштитни капи и дополнителна опрема под дресовите, но и тоа не им помогна многу во вакви временски непогоди.

Селекторот на Хондурас, Хернан Дарио Гомес, беше лут затоа што било дозволено да се игра мечот. „Фудбал не може да се игра во вакви услови“, беше краткиот коментар на Гомес.

- Оглас -

Најнови вести