Блескава серија од 14:0 му го трасираше патот на МЗТ Скопје во полуфиналето на Купот

МЗТ Скопје е вториот полуфиналист во националниот Куп на Македонија по победата против Гостивар со 87:85.

Чудесната серија од 14:0 во последната четвртина беше клучна за победата на фаворитот во супер драматичен финиш, иако така не изгледаше цели 30 минути.

Гостивар не успеа да даде кош во првите шест и пол минути од последната четвртина и загуби, иако по три периоди од по 10 минути водеше со 71:68.

Фуриозната серија на аеродромци од 14:0 беше клучна за победата на МЗТ Скопје и пласманот во полуфиналето.

Гостивар со серија од 9:0 стаса до негатива од само еден поен, 83:84 на 35 секунди до крајот, но немаше сили за подвиг.

Во пенал завршница со слободни фрлања на двете страни МЗТ Скопје беше поуспешен и останува во игра за одбрана на пехарот во купот.

Димитриевски промаши удар за тројка и победа на Гостивар во последната секунда.

Мекиќ со 19 поени беше прв кошгетер во победничкиот табор, а одлично одиграа и Рикиќ со 18 поени и Крстевски со 17.

Кај Гостивар Ворку играше одлично и постигна 27 поени, се истакна и Ефремовски со 20 поени и шест погодени тројки од 12 обиди, но Гостиварци останаа покуси за два поени, па ќе мора да чекаат нова шанса за освојување на пехарот.

Претходно, во премиерниот меч ТФТ Скопје го победи Пелистер со 103:95.

Вечерва се играат преостанатире две четвртфиналиња. Работнички и Феникс ќе играат од 17 часот, а Еуро Никел и Академија ФМП ќе играат за последниот полуфинален билет од 19,30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести