Ќе биде напнато во Белград, Макаби и Дубаи немаат право на грешка

Дуелот на Макаби Тел Авив и Дубаи е најинтересниот од четирите кои се играат вечерва во кошаркарската Евролига. И на израелскиот и на тимот од ОАЕ им треба победата за да останат во игра за место во плејинот. Квотите за победа на едниот и на другиот тим се блиски, што укажува на тоа дека се очекува да биде неизвесно на овој меч, кој ќе се игра без публика, и тоа во Белград.

Двата тима се на 11-тото и 12-тото место и имаат две победи помалку од десеттата Барселона, а останаа уште четири кола, па пораз вечерва веројатно ќе значи и крај на амбициите за место во Топ 10.

Реал Мадрид, кој дома има 12 победи по ред, важи за огромен фаворит против Анадолу Ефес. Победа би го оставила Реал во трка за првите четири места, што носи предност на домашниот терен во плејофот.

Во Милано се игра италијанско дерби, а победата повеќе им треба на домашните, кои се обидуваат да стигнат барем до плејин, иако ситуацијата не им е најсјајна во моментов и мора да ги добијат сите мечеви до крај.

Баерн нема шанса за плејин, но има прилика да дојде до нова победа, а Асвел, кој е последен и игра без притисок, покажа дека е незгоден тим ако сметате однапред дека ќе го победите.

- Оглас -

Најнови вести