Играчите на Реал на топката пишуваа пораки за Бензема, Азар и Модриќ беа посебно емотивни

Карим Бензема постигна три гола, и тоа во период само од 17 минути во второто полувреме и е херојот во победата на Реал Мадрид против Пари Сен Жермен од 3:1. Токму три гола му беа потребни на Кралскиот клуб за да го елиминира ПСЖ откако Французите на полувреме водеа со 1:0, а имаа залиха и од еден погодок по првиот меч во Париз.

По завршување на средбата, фудбалот со кој се играше овој историски меч, заврши во рацете на Бензема. Како сувенир за постигнатиот хет-трик, Бензема ја доби топката која сигурно посебно ќе му значи.

Дел од соиграчите на Бензема решија токму на топката да му испратат неколку пораки. „Те сакам“, напиша Еден Азар на француски јазик. Азар иако не играше на овој дуел, заедно со соиграчите го славеше големиот триумф.

„Ти си луд“, му порача Федерико Валверде на Бензема, додека имењаците Лука Модриќ и Лука Јовиќ имаа иста порака до Бенема: „Ти си најдобриот во светот“.

Реал на „Сантијаго Бернабеу“ синоќа испиша уште една бајка во натпреварувањето во кое Кралевите се најдобри во историјата.

- Оглас -

Најнови вести