Бразилецот започнува уникатен бизнис: Марсело ќе стане бербер

Марсело веќе 15 години е дел од Реал Мадрид и Бразилецот со право може да се нарече легенда на клубот. во изминативе една и пол деценија, левиот бек на Реал ги освои сите најзначајни клупски трофеи, но многу веројатно дека се ближи крајот на „љубовта“ со Кралскиот клуб.

Бразилецот во мај ќе наполни 34 години и очигледно дека полека размислува за тоа што ќе прави по завршување на кариерата. Марсело на социјалните мрежи се пофали дека започнува нов бизнис. На 17 март е закажано отворањето на неговиот прв берберски дуќан во Рио де Жанеиро.

„По многу размислување конечно одлучив да го отворам мојот прв фризерски салон. Многу сум возбуден поради новото поглавје во мојот живот“, напиша Марсело.

Бразилецот во дресот на Реал Мадрид одигра 541 натпревар, а постигна и 38 голови. Препознатлив е токму по својата бушава фризура.

- Оглас -

Најнови вести