Шкендија фаворит за победа на „Градски“, големи коефицинети за Вардар и Струга ТЛ да слават дома

Последното коло од фубалското првенство на Македонија има само една голема непознаница, а тоа е кој тим ќе заврши на второто место кое носи пласман во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Шкендија е во пол позиција со 61 бодови, а Шкупи е трет со 59 бодови.

Тетовци гостуваат кај Работнички и доволно е да освои само еден бод за да го задржи второто место на табелата. И Шкупи гостува и тоа во Струга кај тимот кој ќе ја слави втората шампионска титула.

Вардар кој ќе игра бараж за спас, е домаќин на Тиквеш, а Воска и Гостивар во директен дуел ќе решаваат за тоа кој тим ќе заврши подобро на табелата. Испаднатата Брегалница е домаќин на Силекс, а Македонија ЃП која исто така ќе биде второлигаш, гостува кај Брера.

- Оглас -

Најнови вести