1804 Баерн – Аугсбург (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
На последните два меча на баварското дерби имаше вкупно 10 гола и се очекува трендот на ефикасни дуели меѓу Баерн и Аугсбург да продолжи.
Се очекува трибините да крцаат и да има околу 75 илјади гледачи, што е мотив плус за тотална офанзива на Баерн во обидот да се направи нов значаен чекор кон титулата.
Аугсбург победи на двата последни натпревари во Бундеслигата и е блиску до опстанок, па може да игра порастоварено, што е добра најава за голови на „Алијанц арена“.
Предлог тип: 1&4+ (1.68)
1004 Арсенал – Брајтон (Премиерлига, Англија, 16 часот)
Арсенал често се мачи со Брајтон и популарните Галеби се многу незгоден ривал за Топчиите.
Но, сега ситуацијата е малку поинаква и Арсенал не смее да си дозволи нов кикс, ако сака да игра во Лигата на шампионите идната сезона.
Поразот од Кристал Палас ги врати чекор назад, но се уште се во пол-позиција за четвртото место, иако сега се петти на табелата.
Арсенал има ист број на бодови по 54 со Тотенхем, но и одигра меч помалку, па ако го победи Брајтон ќе биде во игра за посакуваното четврто место.
Брајтон е во ужасна форма и има 6 порази и едно реми на последните 7 меча во Премиерлигата.
За среќа за нив имаат доволен фонд на бодови да не стравуваат за опстанок.
Предлог тип: 1 (1.68)
1005 Саутемптон – Челзи (Премиерлига, Англија, 16 часот)
Челзи ќе тренира офанзива против Саутемптон за реванш дуелот со Реал во Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Клубот од Лондон загуби од Реал дома со 1:3 и ќе брка негатива од два гола на „Сантијаго Бернабеу“, а овој меч со Саутемптон им е како порачан за враќање на самодовербата.
Челзи е на третата позиција во Премиерлигата и има одличен видик кон нов настап во ЛШ и идната сезона.
Саутемптон е безбеден на 12-то место и не може ниту да испадне, ниту да се бори за Европа.
На последните меѓусебни дуели имаше многу голови, се тресеа мрежите и на Саутемптон и на Челзи, па ќе типуваме дека ќе има нов ефикасен меч и денеска.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.30)
1007 Астон вила – Тотенхем (Премиерлига, Англија, 18.30 часот)
Со три порази по ред Астон Вила си ги уништи надежите за европски настап во следната сезона, а сосема спротивно Тотенхем тргна во победнички поход кон учество во Лигата на шампионите.
Спарс триумфиураа на последните три меча во англиското првенство и се конкуренти за четвртото место кое води во ЛШ.
Кејн, Сон и Кулушевски го прават новото моќно трио на Тотенхем, екипа која даде 10 гола на последните три натпревари.
И Вила има солидна офанзива предводена од англискиот репрезентативец Оли Воткинс и денеска се очекуваат голови во Бирмингем и барем еден во мрежата на домаќините во првото полувреме.
Предлог тип: Т2 1+ прво полувреме (1.93)
7112 Калјари – Јувентус (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Душан Влаховиќ бие возбудлива битка со Чиро Имобиле за титулата најдобар стрелец во Италија, а билансот засега им е по 21 гол.
Српскиот репрезентативец денеска ќе игра против еден од омилените ривали во Серија А и кон Калјари е немилосрден.
Како играч на Фиорентина им даде четири гола на пет меча и очекува денеска да продолжи да им ја тресе мрежата со прв гол против Калјари како фудбалер на Јувентус.
За Старата дама нема да игра Алваро Мората, што ќе му даде повеќе простор на Влаховиќ во шпицот на нападот на Старата дама.
Јувентус мора да победи на Сардинија, против тим што се бори за опстанок, за да ја задржи комотната предност од пет бода во битката за четвртото место во Серија А кое води во Лигата на шампионите.
Калјари има слаба одбрана и со 59 примени голови тоа е втората најлоша дефанзивна линија зад Салернитана со 66.
Влаховиќ ќе знае да ги искористи слабостите на домашниот тим и типуваме дека ќе биде стрелец на „Сардења арена“.
Предлог тип: Стрелец Душан Влаховиќ (2.05)