Укинати се Ковид мерките – Баварското дерби ќе биде спектакуларно со 75 илјади навивачи на Баерн и Аугсбург

Најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен објави дека повторно ќе игра пред полн стадион од 9. април и тоа на баварското дерби против Аугсбург во Бундеслигата со присуство на 75 илјади навивачи.

Баварската Влада денеска донесе одлука за полн капацитет на стадионите во сите спортови на отворено, што значи дека „Алијанс арена“ во Минхен пак ќе биде комплетно исполнета, за првпат по ноември 2021 година.

Баварците одлучија дека и Ковид протоколите се укинуваат, па нема потреба да се држи предвиденото растојание на трибините и да се носат маски, иако го препорачуваат заштита, но не е и обврска за навувачите.

„Среќни сме со одлуката на Баварската Влада што дозволи полна капацитет на напиуот стадион. Пред се сме среќни за нашите навувачи, кои конечно ќе можат да ги исполнат трибините во максимален број“, изјави Јан Кристијан Дресен, заменик претседателот во Бордот на директори на Баерн.

Новите мерки ќе се применуваат во Баварија од трети април.

 

- Оглас -

Најнови вести