Батлер и Струс се мајстори за одбрана, Бостон нема решение за двајцата опасни крадци на топки

8201 Флорида пантерс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ плејоф, 01 часот)

Актуелниот првак во НХЛ-лигата, Тампа Беј лајтнинг, одигра перфектен прв меч на гости кај Флорида пантерс и го декласира тимот што имаше најдобар биланс во регуларниот дел од сезоната.

Никита Кучеров беше брилијантен кај гостите и со дрибилинзи, голови и асистенции ги излуде дефанзивците на Флорида.

Впечатлива ролја имаше и Стивен Стамкос, забележа една асистенција во победата од 4:1.

Гостите играа и без Брендан Поинт, еден од најдобрите напаѓачи во НХЛ и сепак лесно победија.

Тампа е првак во најсилната хокејска лига две сезони по ред и како што играат, им се насмевнува и хет-трик, а Флорида се чини нема решение како да им се спротивстави на опасните гости и соседи од истата држава во САД.

Предлог тип: 2 (3.05)

 

7124 Џејсон Тејтум (НБА плејоф, Мајами – Бостон, 02.30 часот)

Тејтум е ударната игла на Бостон и игра одличен плејоф, а блескаше и во регуларниот дел од сезоната, па се наметнува како еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата.

И на првиот меч со Мајами беше на ниво и најефикасен кај Бостон со 29 поени, но мечот го заврши дури со 7 загубени топки.

Во второто полувреме делуваше како да е заморен од пеколното темпо бидејќи Бостон пред почетокот на серијата со Мајами играше исцрпувачка серија со актуелниот првак Милвоки и го елиминира во 7 меча.

Тејтум на последните три натпревари имаше премногу загубени топки, 4 и 7 на последните два од серијата со Милвоки и 7 против Мајами.

Типуваме дека трендот кај најдобриот кошаркар на Келтите ќе продолжи и дека ќе има најмалку 4 загубени топки и на вториот меч против Хит, ноќеска од 02.30 часот повторно на Флорида.

Предлог тип: >3.5 Загубени топки (1.85)

 

8360 Тајлер Хиро (НБА плејоф, Мајами – Бостон, 02.30 часот)

Тајлер Хиро е еден од најдобрите шутери во НБА-лигата и кога има чиста ситуација, речиси не знае да промаши.

Бекот на Мајами е исклучително брз и продорен, има одличен одраз, а е и еден од најдобрите тројкаши во НБА.

На првиот меч со Мајами во тој поглед, во удари за три поени не беше во свој елемент и погоди само една тројка од шест обиди, но за играч од таков калибар, со мека рака се чини дека границата од 1.5 постигната тројка, како што е во понудата на Sport Life, е чист подарок.

Предлог тип: >1.5 тројка (1.60)

 

8376 Џими Батлер (НБА плејоф, Мајами – Бостон, 02.30 часот)

Батлер е суво злато за Мајами хит и добрите познавачи на НБА-лигата се чудат како Филаделфија си дозволи да си замине. Тоа го потврди и првата ѕвезда на 76-ките, Џоел Ембид, по завршување на претходната плејоф-серија, што Мајами ја доби против Филаделфија со 4:2.

Батлер игра извонредно кога е најпотребно, а почна брилијантно против Бостон на првиот дуел, што Мајами го доби со 118:107.

Постигна 41 поен со 9 скока и пет асистенции, а имаше и четири украдени топки и три блокади.

Кај него и буквално што и да одиграте на плус во богата понуда на Sport Life, нема да погрешите, а ние ќе типуваме дека Џими пак ќе биде во препознатлив елемент во одбраната и дека ќе има над 1,5 украдена топка и ноќеска на вториот меч од серијата со Бостон.

Предлог тип: >1.5 Украдени топки (1.60)

 

8378 Макс Струс (НБА плејоф, Мајами – Бостон, 02.30 часот)

Струс беше едно од изненадувањата на Мајами на стартниот меч од серијата со Бостон селтикс и покрај Џими Батлер и Бем Адебајо и клучен фактор за победа и предност на Хит од 1:0.

Струс одигра одлична одбрана, а и во офанзивата беше солиден со 11 поени. На првиот меч комплетно го сопре брзиот бек на Бостон, Дерик Вајт, а имаше и две украдени топки, најмногу на мечот по Батлер и Тејтум, кои имаа по четири освоени топки.

Струс е мајстор за одбрана, а ноќеска пак кај гостите ќе го нема најдобриот дефанзивец во Лигата, Маркус Смарт, па типуваме дека Макс повторно ќе има барем една украдена топка на вториот меч од полуфиналето во плејофот на Истокот од НБА.

Предлог тип: >0.5 Украдени топки (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести