Меси даде пет гола, но еден погодок разочара дел од навивачите (Видео)

Лионел Меси одигра меч за историја во аргентинската репрезентација откако стана првиот фудбалер кој постигнал пет голови на еден натпревар. Капитенот на Гаучосите едноставно беше незадржлив на пријателскиот дуел против Естонија кој заврши со 5:0 во корист на некогашниот светски првак, а стрелец на сите пет голови беше Лео.

Иако постигна пет погодоци, Меси во еден момент се најде на удар на критичарите поради неговиот потег во 76 минута. Аргентина водеше со 3:0, а во едне момент еден фудбалер на Гаучосите падна на земја и почна да се жали на повреда.

Топката дојде до Меси, а естонските фудбалери застанаа, мислејќи дека Меси ќе ја исфрли топката во аут. Сепак тоа не се случи, туку Меси тргна кон противничкиот гол и лесно го матираше голманот на Естонија.

Со овие пет погодоци, Меси стигна до неверојатна бројка од 1.100 погодоци и асистенции во кариерата, нешто што досега не му успеало на ниту еден друг фудбалер во историјата.

 

- Оглас -

Најнови вести