Меси прв во историјата: Стигна до неверојатна бројка од 1.100 голови и асистенции

Лионел Меси одигра уште еден меч за памтење и прераскажување откако постигна пет гол во дресот на аргентинската репрезентација на пријателскиот меч против Естонија. Гаучосите славеа со 5:0, а сите погодоци беа дело на капитенот Меси. Ова е прв пат Лео да даде пет гола на еден меч во националниот дрес, а тоа еднаш му има успеано и како играч на Барселона.

Освен рекордот од пет погодоци за 90 минути, Меси синоќа постави уште едно неверојатно остварување. Тој е првиот фудбалер кој успеал да стигне до бројката од 1.100 голови и асистенции во кариерата. Меси има 769 голови, но и 331 асистенции во 974 одиграни натпревари во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести