Во Перу се прават и вуду ритуали само да се победи Австралија (Видео)

Перу или Австралија, една од овие две селекции утревечер ќе се радува на пласман на Светското првенство во Катар. Двете селекции беа дел од Мундијалот во Русија пред четири години, но сега во меѓусебен еден меч треба да решат кој ќе игра на следниот планетарен собир.

Во Перу веќе го прогласија 13 јуни за национален празник, а за тоа колку им значи пласманот на Светското првенство покажува и фактот дека водечките племенски шамани се собрале и одржале ритуали со цел да помогнат нивната репрезентација да победи против Австралија.

На СП пред четири години во Русија, Перу и Австралија беа во иста група, а селекцијата од Јужна Америка со 2:0 славеше над Кенгурите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести