Триесет и осумгодишен играч доби неверојатен договор според кој ќе зема по 50 милиони долари по сезона

Квотербекот на НФЛ-тимот Грин Беј пакерс, Арон Роџерс, доби нов, тригодишен договор во вредност од 150 милиони евра по сезона.

Интересно е што овој играч има дури 38 години, а многумина изненади ваквата висина на договорот со оглед на неговата возраст. Роџерс целата своја кариера ја мина во овој клуб кој одлучи да му верува и во наредните три години, иако во последно време тој има настапи под очекувањата.

Роџерс од 2005 беше драфтуван како 24-ти пик од страна на Грин Беј, а со овој тим го освои Суперболот во сега веќе далечната 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести