Пеколен контранапад му донесе триумф на Јунајтед, Шешко е во ѓаволски добра форма (Видео)

Со голот на супер резервата Бенјамин Шешко, Манчестер јунајтед победи со 1-0 на гостувањето кај Евертон во натпревар од Премиер лигата, по кој Црвените ѓаволи пак се осамени на четврто место.

За Словенецот ова е трет гол во последните четири кола и потврди дека е во топ форма и конечно почна да ги оправдува големите пари кои беа платени за него. Голот падна од еден пеколен контранапад, тоа беше мат во три потега за Карамелите, со завршница на Шешко, кој во игра влезе 13 минути пред погодокот.

ПОГОДОКОТ ЗА ПОБЕДА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД МОЖЕ ДА ГО ВИДИТЕ ТУКА

Јунајтед е единствен непоразен тим во Премиер лигата во 2026 година и успеа да му се реваншира на Евертон за поразот на „Олд Трафорд“ од нивното прво соочување сезонава во ноември. Манчестер јунајтед има 20 победи против Евертон на дуелите во Ливерпул, против ниеден друг клуб нема таков успех како гости.

- Оглас -

Најнови вести