Бразил е силен и без Нејмар, ќе најде трета среќа на Мундијалите против Швајцарија

6818 Јужна Кореја – Гана (Светско првенство, 14 часот)

Јужна Кореја и Гана досега играле само пријателски натпревари, кои секогаш биле ефикасни.

Гана има три победи, Јужна Кореја една, а на секој од тие дуели имало најмалку 3+ и вкупно 15 погодоци, што во просек безмалку е 4 гола по меч.

Сепак, денеска се игра мундијалски меч, а влогот е огромен. Гана не смее никако да загуби бидејќи може да се случи да испадне, а и Јужна Кореја со пораз ќе биде во незгодна ситуација бидејќи ќе остане на еден бод и ќе игра со Португалија во последното коло.

Секако, и не смее да се калкулира бидејќи еден примен гол може да значи елиминација, па ќе мора да се оди на победа.

Двете селекции имаат одлични играчи и особено офанзивци, а имињата на Сон, Хванг, Кудус, браќата Ају… ветуваат голови.

Предлог тип: ГГ (2.04)

 

1603 Бразил – Швајцарија (Светско првенство, 17 часот)

Бразилците оставија силен впечаток на премиерата против Србија, но сеге ќе мора да играат без главната ѕвезда Нејмар против Швајцарците.

Интересен е меѓусебниот биланс на Мундијалите и тој покажува дека никој не победил, односно двата меча завршија нерешено.

Во 1950 година, во првата фаза Бразил и Швајцарија одиграа 2:2, Кариоките потоа играа финале и го претрпеа најболниот пораз во историјата.

Официјално пред рекордни 199.954 гледачи, а велат дека неофицијално ги имало 205 илјади на култната „Маракана“, Уругвај го победи Бразил со 2:1 и ја освои титулата во едно од најпознатите финалиња на Мундијалите.

На минатиот шампионат во Русија пред четири години Бразил и Швајцарија пак беа заедно во група, одиграа 1:1 и ги елиминираа Србија и Камерун, кои пак и во Катар се со нив во иста група.

Бразил е во супер серија од 16 меча без пораз, а типуваме дека денеска ќе ја продолжи со победа.

Предлог тип: 1 (1.60) Супер тип на Sport Life

 

6820 Португалија – Уругвај (Светско првенство, 20 часот)

Уругвај одигра скромно против Јужна Кореја и фрапантно немаше директен удар во голот на ривалот, иако двапати ја погодија стативата, што статистички не се смета за шут во рамки на гол.

За репрезентација што веројатно го има и најсилното трио центарфори со Суарес, Нуњес и Кавани разочарувачка беше претставата против Корејците.

Денеска играат со Португалија, селекција против која е тешко да се вадиш. Навидум и на двете репрезентации им одговара реми.

Португалците би имале 4 бода и уште еден меч за крај на фазата по групи против Јужна Кореја.

Уругвај би имал два бода и последен натпревар во Х групата со Гана, која не е непобедлив ривал.

Предлог тип: Х кога било (1.76)

 

1321 Ибица – Андора (Втора лига Шпанија, 21 часот)

Сезонава и двата клуба имаат интересни приказни и различни амбиции. Ибица е клуб од најмонденското место во Шпанија и е формирана тазе, само пред 7 години, а сега се бори за опстанок во популарната Сегунда.

Во моментов се последни, но имаат моќен газда во Амадео Салво, кој беше во бордот на директори на Валенсија и извршен директор на славниот шпански прволигаш пред 7 години.

Сопственик на Андора е Жарарт Пике, фудбалерот на Барса што се прости од фудбалот пред неполн месец.

Тие се од Андора, соседна држава на Шпанија, но играат во шпанскиот фудбалски систем и имаат амбиции да се пласираат и во Ла Лига.

Моментно се деветти на табелата во Сегунда, но ако победат, се враќаат во Топ-6 екипи кои имаат шанса за плејоф или за директна промоција во Ла Лига.

Мечот е многу значаен, двете екипи играат цврст фудбал и типуваме на 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.52)

 

1727 Шатору – Ле Ман (Франција, Национална лига, 21 часот)

Двата поранешни прволигаши сега се борат за опстанок во Третата француска лига, што покажува колкав пад доживеаја во последните неколку години.

Шатору има играно и во УЕФА купот, каде што ја претставуваше Франција во последните години од минатиот век, но тоа е само минато и убави спомени.

Ле Ман постои 37 години, а и тие имаат играно во Лига 1 како прволигаши. Сега се во зоната за испаѓање од Националната лига, која е трета по ранг во земјата на светските прваци.

Денеска и двете екипи мора да играат на победа за да побегнат од опасната зона за испаѓање.

Предлог тип: ГГ (1.72)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести