Лос Анџелес лејкерс е подготвен да го размени Леброн Џејмс и тоа до 8 февруари кога истекува преодниот рок во НБА лигата. Сензационалната вест ја објави новинарот Давид Прингалоре кој ретко јавно пишува, но кога ќе изнесе некоја вест, таа најчесто е релевантна и точна.
Hearing from @nba peeps @KingJames is the top of the @Lakers list to trade the 39 year old. Pelinka is looking for the right team to dance with and is close to a suitor Lbj and AD both out tonight. @KTLA @KTLA5SPORTS #nba #Lakers
— David pingalore (@DavidPingalore) February 1, 2024
Лејкерс е подготвен да прави тим за иднината, а фактот дека на Џејмс му истекува на крајот од следната сезона, би било очекувано ветеранот што е можно побрзо да си замине од екипата.
Два клуба се спомнуваат како можна следна дестинација за Џејмс. Прва опција е да се врати во Мајами хит, а втора опција е да замине во Филаделфија која остана без повредениот Џоел Ембид.
Леброн Џејмс сезонава во просек на терен поминува по речиси 35 минути на меч, а просекот му е 24,9 поени, 7,5 скока и 7,7 асистенции. Ова му е 21 сезона во НБА лигата.